Во денешното интервју за „Дневник“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, опширно говори за мандатот, работата и за иднината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тој недвосмислено вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи на продолжување на рокот на СЈО, дека „од авион се гледа дека обвинителството работи под сугестија на некои амбасади и очигледно е дека некому надвор му треба СЈО за продолжување на кризата во Македонија и за држење во заложништво на една политичка партија во Македонија“, како и дека „со пролонгирање на роковите за СЈО, со сигурност ќе се одложи кризата“.
Имавме преговори летото 2015 година. Сите четири партии се договоривме и потпишавме одредба со која СЈО ќе има 18 месеци за истражување и за евентуално поднесување обвинение ако против некој обезбеди докази. Ние испочитувавме сè од тој договор. Дури, наместо 18, добија три и пол месеци дополнително време, во периодот помеѓу 15 септември и 30 декември 2015 година, кога објаснуваа дека им требало време да се екипираат, да набават сеф за креираните снимки, па мал бил тој сеф, бараа поголем, па видовме дека им требало простор колку за три видеоленти и слични лажни изговори – вели Груевски.
Според него, „очигледно е, од авион се гледа дека СЈО работи под сугестија на некои амбасади и очигледно е дека некому надвор му треба СЈО за продолжување на кризата во Македонија“.
– Сето ова го кажувам за да објаснам дека нема правни или суштински потреби за продолжување на тие 18 месеци на СЈО, туку има политички потреби на надворешни фактори заради остварување некои други нивни цели и интереси. Идејата за пролонгирање на 18-те месеци не потекнува од СЈО. Тоа го знам, не го претпоставувам. Од овие причини ние донесовме одлука дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи за продолжување на рокот на СЈО и тоа неколкупати го објавивме. Ниту, пак, оние две други барања поврзани со Законот за заштитните сведоци и со судско одделение за предметите на СЈО. Ова беше наш јавно искажан став и пред изборите и повеќепати за време на кампањата, кога гласачите ги запознавме со тоа дека ние сме против продолжување на 18-те месеци мандат на СЈО – нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Груевски, „со одложување на роковите за СЈО со сигурност ќе се пролонгира кризата“.
– Некаде март или април 2016 година, а неколкупати и подоцна, кога првпат ни беше спомнато дека ќе се бара продолжување на рокот, ние понудивме решение: ако навистина не можат да постигнат временски со работата, да го зголемат бројот на обвинители. Наместо потребните часови за сработување на задачата да се добијат со пролонгирање на рокот, истото да се постигне со повеќе вработени луѓе во СЈО кои ќе ги изработат тие работни часови во истиот рок. И тоа не се прифати, без да ни понудат контрааргументи. Јасна е работата зошто. Не им е потребно време за работа, туку им треба време и СЈО за други цели. Второ, ако ДУИ не сака да коалицира со нас заради тоа што не прифаќаме продолжување на 18-те месеци на СЈО, и тоа го правиме со силни аргументи на кои никој нема одговор, тогаш би одговорил дека тие можат да постапуваат како што ќе одлучат. Јас на почетокот кажав, ние нема да правиме коалиција по секоја цена. Сепак, ДУИ знае дека биле ние во владата или во опозиција, барањето за СЈО нема да се реализира, бидејќи и договорот од јуни-јули 2015 година и Законот за СЈО предвидуваат дека за негова промена не е потребно само двотретинско мнозинство, туку и согласност на сите четири партии потписнички – вели Груевски. Имавме преговори летото 2015 година. Сите четири партии се договоривме и потпишавме одредба со која СЈО ќе има 18 месеци за истражување и за