недела, 15 ноември 2026
Најново

Алијанса на Села за двојазичните лиценци во градинките: ВЛЕН леат крокодилски солзи и се преправаат како претседателката да е од друга планета

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На одлуката на Гордана Силјановска Давкова реагираше и крилото на Алијансата за Албанците, предводено од Зијадин Села, откако претседателката со право на вето ги блокираше двојазичните лиценци за градинките.

Од АА велат дека оваа акција на претседателката била координирана со, како што ја нарекуваат, моноетничката влада, критикувајќи ја ВЛЕН.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Владата на ВЛЕН и ДПМНЕ продолжува да се бори против албанскиот јазик и колективните права на Албанците преку алтернативни инструменти, овојпат преку претседателката Сиљановска-Давкова, која одби да го потпише Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата со кој се предвидува давање лиценци и на албански јазик. Оваа акција е целосно на Владата, но се спроведува само преку претседателката, исто како и другите одлуки кои се спроведуваа некогаш преку Уставниот суд, а некогаш преку други институции.

Овој случај ја истакна не само неспособноста, туку и лицемерието на ВЛЕН кои на последните претседателски избори се мобилизираше да го обезбеди претседателското место, оправдувајќи го тоа со нелегитимниот владејачки договор што го постигнаа со мандатарот Христијан Мицкоски. Денеска функционерите на оваа нелегитимна коалиција леат крокодилски солзи и се преправаат како претседателката да е од друга планета.

Албанците скапо го плаќаат вазалството на ВЛЕН, а нивното лицемерие е само обид да се омаловажи нивната интелигенција. Ја донесовте Давкова! Законот го блокираше вашата нелегитимна и моноетничка власт“, стои во партиската реакција.

Поврзани вести