Лесен авион се урна во близина на островот Ротнест во близина на градот Перт во западна Австралија, при што загинаа двајца туристи од Швајцарија и Данска и пилотот, соопштија властите.Авионот превезувал шест туристи кога се урнал во вторникот попладне кај островот Ротнест, популарна туристичка дестинација на околу 30 километри западно од Перт. Тројца преживеани туристи се повредени.
– Моите мисли се насочени кон семејствата и пријателите на жртвите. Ова е без сомнение многу тешко за сите вклучени – рече премиерот на државата Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција.
Несреќата се случила пред очите на туристите, вклучително и семејства со деца на островот, додаде Кук.
Пронајдете не на следниве мрежи: