Во болниците има 1.348 пациенти заразени со КОРОНА ВИРУСОТ

Во болниците има 1.348 пациенти заразени со КОРОНА ВИРУСОТ

Министерството за здравство соопшти дека, од болниците низ земјава, после Скопје најмногу хоспитализирани пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 има во Прилеп, 130. Во Битола се хоспитализирани 75, во болницата во Штип 59 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни  на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во ковид центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44,  во  Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни  и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.348 и има околу 180 празни болнички кревети во ковид центрите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.