Во вторник ЈСП со изменет режим на движење, кои автобуси нема да сообраќаат?

За време на посетата на Папата Франциск во вторник од 7 до 16 часот ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција, а превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.
Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање, како и дека нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.
Детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот може да се види на веб страната на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.