Во Никоб Лаб од утре гратис вино за секој Ковид 19 тест и биохемиска анализа, за здравје да наздравиме со новото вино од винарија Парагон

Во пресрет на пролетните празнични и семејниденови од утре Никоб Лаб го промовира новиот македонски традиционален бренд кој има светски вкуси исклучително трпезно црвено вино на винаријата Парагон THE BLACK SHEEP, од сопствени лозови насади во Лозово, рачно изработено по традиционални методи.

Во виното е вистината кога се конзумира умерено, а општо познато е дека чаша црвено вино е здраво и препорачливо.

Со посебна гордост го промовираме овој нов македонски бренд, па затоа со секој Ковид19 PCR тест, брз антигенски тест или биохемиска анализа, полнолетните граѓани добиваат гратис флаша преубаво црвено вино од новата и урбана винарија Парагон.

Промоцијата ќе трае од утре 12 април до 3 мај 2022 година на следните локации на Никоб Лаб во државата,  Кисела Вода, Табановце, Велес, Кавадарци, Прилеп, Богородица, Кочани и Струмица.

За здравје да наздравиме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.