На локалните гробишта во шумадиското село Велика Иванча, шеесетина километри од српската престолнина Белград, во петокот беа погребани жртвите на масовното убиство коишто во вторникот го изврши шеесетгодишниот Љубиша Богдановиќ, кој откако се уби 13 соселани, меѓу кои и мајка си и синот, се застрела во главата и почина во четвртокот во белградскиот Ургентен центар.
Тринаесетте сандаци претпладнето во петокот биле наредени пред локалната црква, во која литургија служеше епископот шумадиски Јован и свештеници на Српската православна црква.
Повеќе илјади луѓе се собраа да се поздравата со убиените соселани. Повеќето од луѓето носеле по 13 свеќи, за секој од убиените. Репортерите на српските медиуми од местото на настанот јавија дека погребот минал во мачна атмосфера, но достоинствено и мирно.
Во блискиот град Младеновац, кон кој административно гравитира селото Велика Иванча, петокот беше ден на жалоста, а во Србија ден на жалоста поради ова масовно убиство беше прогласена средата. На заедничкиот погреб присуствувале и високи државни и функционери на Младеновац и на Белград, како и повеќе од две илјади жители на Велика Иванча, Младеновац и околните села.
Злосторството се одигра во вторникот во мугрите, кога според српските медиуми Богдановиќ во пет кучи за помалку од пола час со устрели од неговиот пиштол убил 13 соселани, шест мажи, шест жени и едно двегодишно момченце, кое лекарите од службата за итна помош го нашле во прегратките на неговата мајка.
Богдановиќ се обидел да ја убие и сопругата и себеси, а по трите дена во кома почина во четвртокот во Ургентниот центар во Белград. Неговата сопруга заздравува по операцијата и се очекува да биде единствениот сведок чиишто изјави можат да и' помогнат на истрагата да дојде до евентуалните мотиви за ова страшно злосторство.
Макфакс
На локалните гробишта во шумадиското село Велика Иванча, шеесетина километри од српската престолнина Белград, во петок