Во вечерашната емисија Во Центар со Васко Ефтов која започнува во 22:00 часот на YouTube каналот Vasko Eftov, Филип Петровски се осврнува и на дел од владеењето на Љубчо Георгиевски.
Тој објаснува како на Конгресот на ВМРО ДПМНЕ во 2003 година во Охрид, се вршеле притисоци врз делегатите да биде избран Никола Груевски за лидер на ВМРО ДПМНЕ.
„Таа вечер, овој господин бараше да се види со мене, еве нека каже дека дента пред да се гласа Груевски не барал да се сретнеме, јас бев во својство на делегат во Охрид, 2003 година. Мујо дојде, ми чукна на врата и ми рече: Љубчо сака да се види со тебе! Јас му реков: Ќе се видиме со Љубчо кога ќе заврши гласањето!“
„Таа вечер се превртени, Марјан Ѓорчев да го повикаш истото да ти го каже, таа вечер се превртени 100 делагати. Победи на сила Груевски. Да не беше физичка интервенција, претседател во 2003 година на ВМРО ДПМНЕ ќе беше Марјан Ѓорчев.“
„Замоли го, кога ќе дојде Љубчо да гостува да дојдам и јас, да не зборува вака сам, ќе дојдам и јас, па ќе зборувме, нека биде една интересна емисија, да видиме што се правело во ВМРО ДПМНЕ и што е различно од историското ВМРО“ – објаснува Петровски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.