„Воениот сојуз меѓу Јапонија и САД де факто веќе постои“

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека „де факто“ воен сојуз меѓу Јапонија и САД веќе постои и дека нема ништо ново во овие планови.„Нема пресврти или вести, постои де факто одбранбен сојуз и знаеме за американскиот воен потенцијал што постои на јапонска територија, толку блиску до нашите граници. Тоа секогаш беше камен на сопнување“, рече Песков, а пренесува РИА Новости.Јапонија, САД, Австралија и Филипините вчера ги спроведоа првите заеднички поморски вежби во Јужното Кинеско Море во ексклузивната економска зона на Филипините. Вчера се одржа и трилатерален самит на САД, Јапонија и Филипините, посветен на подобра координација за прашањето за Јужното Кинеско Море.Американскиот претседател Џозеф Бајден на 11 април во Вашингтон ќе ги пречека јапонскиот премиер Фуми Кишида и филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор, со кои ќе разговараат за економските односи во индо-пацифичкиот регион.

Пронајдете не на следниве мрежи: