Возачи ќе си платат по 40-50 евра оти зборувале на мобилен или не користеле појас






Вчерашната (22.02.2024) акција на СВР Тетово била насочена кон контрола за тоа дали возачите ги почитуваат правилата за некористење на телефон зад волан и дали ставале сигурносен појас.

Како што информораат од полицијата откриени и санкционирани биле вкупно 95 возачи (Тетово-93 и Гостивар-2) кои зборувале на мобилен телефон додека возеле, како и 18 возачи (ТЕ-13 и ГВ-5) кои не користеле сигурносен појас.
„На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овие видови прекршоци изнесуваат 40 евра (телефон) и 50 евра (појас) во денарска противвредност. При контролата, исто така, биле санкционирани и 4 возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, 2 возачи кои управувале возила со затемнети фолии и 1 возач кој управувал технички неисправно возило.“, соопшти СВР.
Покрај ова, со поднесоци биле заокружени и 14 непрописно паркирани возила во Тетово, од кои 7 се подигнати од тетовската „пајак-служба“.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | 7/7 ЕМИСИИ:

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: