Младиот и популарен рапер Михајло Веруовиќ Војаж неодамна започна приватен бизнис. Имено, тој сега продава ледени чаеви, кои имаат вкус на праска и лубеница.Својот ладен чај го проба и јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, кој јавно го прозва.– Друже, ова има вкус на гел за туширање, се колнам. Ова е исто. Ти благодариме Војаж за новиот гел за туширање. Брутално е, но го поддржувам бизнисот – изјавил Бака Прасе.Војаж не му остана должен на јутјуберот. Тој сподели видео од прозивката и му одговори на Илиќ.– Брат, тоа што ти пропадна бизнисот, не треба да плукаш по туѓи имиња. Патем, како оди бизнисот со рестораните? – одговори Војаџ.Војаж се осврна на фактот дека синџирот ресторани „Кај Бака“ неодамна пропадна. Имено, тие најчесто се затворени поради долгови кои достигнуваат бројка од околу 50.000 евра.Инаку, официјален сопственик на познатиот ресторан за брза храна не бил Илиќ, туку Урош Глигоријевиќ, а Богдан само го рекламирал и му служел како заштитно лице, иако упатените велат дека имал и неофицијален сопственички удел.За потсетување, Бака Прасе пред неколку години ја сними песната „Војаж бламаж“ во која се исмеваше со младиот рапер, а конфликтот настана кога Веруовиќ изјави дека Јутјуберите не можат да прават музика како музичарите.– Конфликтот изби затоа што реков дека јутјуберите не можат да прават музика како музичари. Богдан ја искористи таа моја изјава и ја обликуваше во својот клип како што му одговара и собра погледи од неа. Глупо е што тоа го направи на едноставен и некултурен начин. Се чувствував глупаво кога таа, именувај ја песната, беше објавена на YouTube. Како инаку да се чувствувам кога некој ќе ме прозива и ќе ме плука додека милиони луѓе гледаат и се смеат. Толку мe погоди што на улица ми пријдоа постари луѓе и ми уфрлаа разни навреди… Ме исмејуваа. Многу луѓе ми велеа дека сум грд а на социјалните мрежи добивав и пораки во кои ми се закануваат со смрт – изјави претходно Војаж.
Пронајдете не на следниве мрежи: