Врховен суд му го укина куќниот притвор на Мијалков

Врховниот суд информираше дека е донесено решение со кое му се укинува куќниот притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој му беше одреден за случајот „Империја“. Мијалков, сепак, ќе остане во куќен притвор, бидејќи оваа мерка вчера му ја одреди Апелациониот суд, за случајот „Титаник 2“, откако претходно ја укина мерката притвор.
– „Решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 30.01.2019 година, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот С.М. е определена по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое нема својство на овластен тужител во оваа постапка“, соопшти Врховниот суд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.