Вучиќ: Азербејџан сепак нема да ја прекине испораката на гас за Србија!

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека од Баку бил информиран дека сепак нема да има прекин на гасот за Србија.

„Нашите браќа и пријатели од Азербејџан штотуку ме информираа дека без оглед на објективните проблеми предизвикани од виша сила, нема да има прекин на гасот за Србија. Голема благодарност до Азербејџан и до претседателот Илхам Алиев, кого го очекувам наскоро во Белград “, рече Вучиќ на платформата X.

Вучиќ вчера изјави дека добил известување од Азербејџан дека во наредниот период поради проблемите што ги имаат нема да можат да испорачуваат 1,7 милиони кубни метри гас во Србија секој ден.

Пронајдете не на следниве мрежи: