Се очекува по седницата, в понеделник попладне, Вучиќ да им се обрати на граѓаните.
Претседателот на Србија вчера во Белград се сретна со претставници на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија, со кои разговараше за таканаречениот француско-германски план за Косово, јави Бета.
По таа средба Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да го прифати концептот и да работи на имплементација на предложениот договор за косовското прашање.
Вучиќ изјави дека на средбата „за едно важно прашање“ од договорот ја покажал сета загриженост и резерви, но посочи дека не може да зборува за тоа бидејќи договорот се уште не е јавен.
Тој наведе дека за време на разговорите со западните дипломати „недвосмислено бил соочен со проблемите и предизвиците кои би биле поставени пред Србија доколку не се согласи со предложениот план за косовското прашање“.