Истражувањето покажа дека газираните пијалаци, освен досега веќе познатите штетни ефекти, предизвикуваат и прерано стареење.
Веќе е познато дека редовното консумирање на вакви пијалаци го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес, срцеви и други болести. Резултатите од истражувањето објавено во American Journal of Public Health покажаа дека предизвикуваат и стареење на клетките.
Истражувачите од Универзитетот во Сан Франциско ги анализираа здравствените податоци на 5.309 Американци со старост помеѓу 20 и 65 години и кои немале историја на кардиоваскуларни болести.
Откриле дека луѓето кои консумираат газирани пијалаци имаат пократки теломери (делови од ДНК на крајот од хромозомите) внатре во белите крвни зрнца. Скратените теломери во белите крвни зрнца се поврзани со стареењето и зголемениот ризик од хронични болести, пишува Eat This, Not That.
Минатата година во Current Nutrition Reports беше објавено дека газираните сокови негативно влијаат врз цревните бактерии и микробиоти. Оксидативниот стрес исто така е поврзан со стареењето. Лекарите советуваат газираните пијалаци да ги замените со поздрава варијанта секогаш кога сте во можност за такво нешто, со цел да си го зачувате здравјето.