Ги истрила рацете со кромид а ефектот е изненадувачки!

Каснувања од инсекти / против јадеж

Каснувањата од разни инсекти може да предизвика болно и неподносливо чешање на иритираната кожа. Особено, летно време, незибежни се комарците.

За да го спречите јадежот, едноствано протријте го укасаното место со пресечен кромид. Чешањето ќе се намали и ќе исчезне, благодарение на сулфурот кој го содржи кромидот.

Болки во увото

Овие болки се едни од најлошите. Испечете цел кромид во рерна околу 15 минути. Изладете го, па пресечете го на половина. Исцедете неколку капки сок и накапете во болното уво.

Иако не постои научен доказ за начинот на кој ова функционира, сепак, постојат бројни сведоштва од задоволни луѓе кај кои се олеснила болката во уво.

Затнат нос

Затнатиот нос е многу фрустрирачка појава, особено навечер кога не ве остава да заспиете. Честопати оваа појава е придружена со болки и дополнителен притисок во синусите.

За да го ублажите овој притисок, се препорачува да се исечка кромид и да се вдишува неговото испарување. Мора да ве предупредиме – може да ви потечат и солзи, но ќе се ослободи вашиот нос!

Борба против настинки / грип

Исечете една главица кромид на половина и ставете го во чинија покрај креветот каде што спиете. Во текот на ноќта ќе ги вдишувате испарувањата на кромидот со што ќе се олеснат симптомите на болеста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.