Деновиве венецијанските гондолиери повторно се претворија во нуркачи за да извлечат дури 1.500 килограми ѓубре од два венецики канала како дел од кампањата за расчистување на отпадот од претходната до следната сезона.
„Ова е рекордно количество досега“, изјавија во понеделникот членовите на венециското здружение на нуркачи-гондолиери, кое работи под називот „Гондолиер“.
Во оваа акција за чистење на отпадот беа исчистени дел од Гранде Канал и помалиот канал Сан Триовасо, а следната и последна акција оваа сезона ќе се одржи на 21-во април во Мурано.
Гондолиерите, заедно со волонтерите, со години активно се вклучени во борбата против ѓубрето што се фрла во каналите на венециската лагуна.
Тие годинава во потрага по отпад нурнаа во морето пред плоштадот Свети Марко. Оттаму извлекле пегла, три радијатора, два бојлера, неколку железни цевки и три долги сливници.
Во фрленото ѓубре пронашле и два пропелера, четири мобилни телефони, 40 гуми, илјадници стаклени шишиња и една лична карта.
Акцијата ќе трае уште неколку седмици, пишуваат локалните медиуми.