МВР информира дека вчера (9 февруари) во 17 часот на ул.„18-ти Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 35 годишниот гостиварец С.С. поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело тешка кражба на моторцикл на подрачјето на Чегране-гостиварско.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата.