Готов за 15 минути: Рецепт за префинет пудинг од ванила кој се подготвува без капка млеко

За да го добиете вистинскиот вкус, потребно е да користите оригинален екстракт од ванила, а не некоја поевтина варијанта од истиот.
Дали некогаш сте се обиделе да направите пудинг без инстант прав? Постапката е навистина едноставна, а може да се прилагоди на најразлични начини и да биде вкусна за сите – па, дури и за оние кои што не јадат храна од животинско потекло.
Наместо кравјо млеко пудингот може да се направи со билен напиток од соја кој што итовремено е преполн со белковини и дава кремаст резултат.
Состојки:
– 500 милилитри напиток од соја;
– 70 грама шеќер;
– 3 лажици пченкарен скроб;
– 1 лажива екстракт од ванила;
– прстофат сол.

Подготовка:
1. Во поголемо тенџере помешајте ги шеќерот, пченкарниот скроб и солта. Добро измешајте и постапно додавајте го напитокот од соја.
2. Додавајте го напитокот со постојано мешање за да се ослободите од евентуалните грутки.
3. Варете ја смесата на помала температура околу 15 минути, додека не згусне.
4. Тргнете го тенџерето од оган, па додадете го екстрактот од ванила. Добро измешајте.
5. Оставете смесата да се излади, па ставете ја во фрижидер 2-3 часа.
6. Пудингот послужете го со ладно овошје, чоколадо или пак јаткасти плодови по желба.
Пријатно јадење!
Совет плус:
Доколку сакате да го збогатите едноставниот пудинг од ванила, во него може да додадете и изрендана кора од лимон или пак сок од овошје по желба за да ја смените неговата боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.