По завршувањето на гласањето во рамки на првиот круг од претседателските избори, во седиштето на ДУИ, шефот на изборниот штаб Арбр Адеми ја одржа првата прес-конференција. Тој оцени дека имало слободни избори кои се одржале во демократски дух и компетитивна атмосфера.
-Ова е наш заеднички успех за кои сакаме да им честитаме на сите останати учесници. Покажавме демократска зрелост каква што и доликува на земја членка на НАТО и земја преговарач со Европската унија. Секако сакаме да им се заблагодариме на сите граѓани кои гласаа за нашиот кандидат д-р Бујар Османи. Со тоа го доверија својот глас и за Европскиот фронт. Сакаме да знаеме дека вашата волја е запишана и таа ќе биде дел од идните политики на Република Северна Македонија. Тоа е важно за тоа што е тоа суштината на демократијата. Граѓаните да одлучуваат за себе, граѓаните да одлучуваат за својата иднина и нивната волја да се почитува. Денес граѓаните го кажаа својот збор, а на нас е да ја преточиме таа волја во акција, изјави Адеми.
На новинарско прашање за резултатите од гласањето, Адеми рече дека очекува победа.
-Секако дека ние очекуваме длабока победа, голема победа за нашиот д-р Бујар Османи, сите информации од терен тоа го потврдуваат. Тоа што сме го сработиле завреме на кампања како Европски фронт тоа се покажа и докажа и денес и олекуваме да се потврди и со броење на гласачките ливчиња. Очекуваме победата голема и историска, истакна Адеми.
Според него, Европскиот фронт имал напорна и вредна кампања.ас/са/