Грицкањето бадеми буквално може да спаси живот

Дневната конзумација на бадеми драстично ја намалува појавата на промени во структурата на ткивата предизвикани од болести кои доведуваат до рак на дебелото црево, па се вели дека тоа буквално може да спаси животи.

Грицкањето бадеми буквално може да спаси живот

Во една студија, научниците од „American Heart Association“ откриле дека честата потрошувачка на јатки е поврзана со помал ризик од развој на хипертензија, кардиоваскуларни болести, па дури и карцином.
Сепак, ова не се единствените промени што ги потврдила науката.

Постојат уште четири промени што ги потврдила науката, а кои ги доживува нашето тело ако конзумираме бадеми секој ден, пишува Bright Side.
Намалување на холестеролот и подобрување на дијабетисот

Во друга студија, докажано е дека пациентите со дијабетес тип 2 ќе доживеат подобрување на нивната физичка состојба ако консумираат бадеми секој ден. Тие не само што помагаат во чистење на артериите со намалување на лошиот холестерол, туку придонесуваат и за намалување на нивото на шеќер во крвта благодарение на минералите кои се наоѓаат во нив.

Побрзо и подобро закрепнување од породувањето
Во Индија постои долга традиција на консумирање бадеми како природен лек за регулирање на протокот на супстанции низ дигестивниот систем и зголемување на енергијата. Бадемите често им се препорачуваат на жените после породувањето со цел да закрепнат побрзо и да спречат појава на стрии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.