Грчкиот премиер побара прошка од семејствата на 57-те загинати во најголемата железничка катастрофа во земјата во неделата, 5 март, додека илјадници демонстранти се собраа во Атина и се судрија со полицијата.
Киријакос Митотакис рече дека како премиер им должи прошка на сите, особено на семејствата на жртвите.
„За Грција во 2023 година, два воза што одат во различни правци не можат да сообраќаат на иста линија без никој да забележи“, се вели во пораката на Микотакис.
Несреќата меѓу патнички воз и товарен воз во вторник во близина на градот Лариса предизвика гнев кај граѓаните кои организираа протести во Атина. Илјадници гневни демонстранти се собраа во неделата пред парламентот по повиците на студентите, железничарите и вработените во јавниот сектор. Новинарите снимија како дошло до жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Демонстрантите пуштија стотици црни балони на небото во спомен на загинатите, а некои држеа транспаренти на кои пишуваше „Долу владата на убијците“, додека железничките и метро услугите беа прекинати поради штрајкот.
Михалис Хасиотис, шеф на синдикатот на овластени сметководители, рече дека чувствуваат огромен гнев, обвинувајќи ја за катастрофата „жедта за профит, недостигот на мерки за заштита на патниците“.
Семејствата и пријателите на загинатите се очекува да се соберат во недела на споменикот пред станицата Лариса во централна Грција, во близина на местото на несреќата.
Судењето на началникот на станицата вклучен во несреќата требаше да се одржи во недела, но рочиштето беше одложено. Се очекува да се соочи со обвинение за убиство од небрежност.
Хеленик Трејн, железничката компанија за која се верува дека е одговорна за несреќата, објави соопштение доцна во саботата во одбрана на своите постапки.
Стотици луѓе демонстрираа во текот на неделата пред нивното седиште во Атина, а правен извор рече дека инспекторите ја разгледуваат можноста да покренат обвинение против високи членови на компанијата, пишува Ле Монд .
Претставниците на синдикатот на железници во изминатите неколку дена соопштија дека ја предупредиле компанијата за безбедносни проблеми на железницата. Тешки прашања и се поставуваат на владата поради неуспехот да продолжи со реформите за безбедност во железницата.
Пронајдете не на следниве мрежи: