Отишла на одмор во Дубаи, но преживеала хорор
Новинарите од порталот “BuzzFeed”, објавиле изненадувачки вести – во Шкотска постои сладолед со вкус на Hellmann’s мајонез.
Можете да го купите во “Ice Cream” продавницата во Фалкир, во Шкотска.
Луѓето кои го пробале овој необичен сладолед, неговиот вкус го опишале како: “Чуден.. нема вкус на јајца и не е нешто што сме очекувале, но всушност е многу кремаст и сладок”.
Сопственикот на “Ice caffe”, Кили, рекол дека сладоледот е “многу мрсен и кремаст, со вкус на млеко и јајца”.
Добро звучи, зарем не?
Веста дека постои сладолед со вкус на мајонез, наишла на голем број коментари на социјалните мрежи. Некои оваа идеја ја сметаат за одвратна, особено оние кои не сакаат мајонез, додека други велат дека мајонезот и сладоледот се прават од исти состојки – јајца, млеко, шеќер и масло и со воодушевување уживаат во вкусот на овој необичен десерт.
Дали би го пробале овој необичен сладолед?