Дали е навистина можете да бидете алергични на Wi-Fi?

39-годишната Марин Ричард добила долгорочна финансиска помош од 500 евра месечно како надомест, откако судот одлучил дека таа е трајно спречена да продолжи со извршување на своите регуларни работни активности.
Како резултат на овој т.н. синдром, оваа жена била приморана да го напушти урбаниот начин на живот и да живее во рурална средина, изолирана од безжичната интернет технологија.
Веднаш по ваквиот случај, се појавиле лавина случаи на луѓе кои се алергични на Wi-Fi бранови, а лекарите ја дијагностицираат оваа состојба како “електромагнетна хиперсензитивност”.

Со пораст на бројот на “заболени” се зголемува и сомнежот, но што од ова навистина може да биде утврдено?
Според Светската здравствена организација, голем број од популацијата верува дека се наоѓа под влијание на негативни електро или радио бранови, односно поседува хиперсензитивност која се карактеризира со симптоми налик на грип – главоболка, летаргичност и мачнина при изложување на различни електрични уреди.
За да се спречат овие несакани ефекти, повеќето луѓе избираат да живеат во рурални предели, додека некои дури и одат до екстреми со живеење во посебно изолирани куќи или колиби.
Во 2015 година, една тинејџерка од Велика Британија си го одзела животот откако училишниот прием на безжичен сигнал ѝ создал неподносливи главоболки и несвестица.
Судејќи според случаите, голем број од овие случаи се психосоматски, но сепак не изостанува фактот дека може да претставува вистинска состојба. Независно од тоа што ги предизвикува овие симптоми, одредени личности и понатаму патат од нив, па затоа е важно да се развијат пообемни истражувања на оваа тема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.