Има многу совети за тоа како правилно да се комбинираат намирниците во исхраната за да не дојде до пореметување во системот за варење, како болки во желудникот, гасови или послаба апсорпција на хранливи материи, но лекарите и нутриционистите особено предупредуваат на редоследот на внесувањето на храната во организмот.
„Кај здрави поединци не е премногу важно на кој начин ги комбинираат намирниците. Повеќето луѓе можат неселективно да јадат што ќе посакаат. Но редоследот на внесување на намирниците во организмот кај некои луѓе може да предизвика непријатни последици“, вели германскиот гастроентеролог д-р Волфганг Холтмејер.
Тој потсетува дека салатите и овошјето на пример, се варат побрзо од останатите намирници заради што е најдобро да не се јадат на крајот од оброкот.
што може да предизвика задржување на храната во цревата и да резултира со процес на разградување и ферментација, болки во стомакот и чувство на надуеност“, вели Холтемејер.
Додава дека и консумирањето на одредени видови на намирници рано наутро, како на пример, популарното „смути“ може да има негативно влијание врз варењето.
„Смути со висок процент на овошје на празен желудник не е добра идеја за појадок рано наутро. Фруктозата што ја содржи овошјето многу брзо го поминува нивото кое организмот може делотворно да го апсорбира“, вели лекарот.
„Секогаш за време на појадокот е добро овошјето да се јаде во комбинација со протеини и масти, на пример, со јогурт. Но и при ова треба да се внимава затоа што сите видови на овошје не одат со сите видови на млечни производи. Ако јадете со јогурт кисело овошје, како киви, вкусот на оброкот ќе ви биде прилично горчлив“, вели нутриционистката Моника Бишоф.
Кога станува збор за старото верување дека после консумирањето на цреши не би смеело да се пие вода, тоа е застарено, вели Бишоф и додава дека ваквата комбинација нема штетни влијанија на гастроинтестиналниот тракт.
Потенцијалните проблеми со варењето во времето на нашите баби можеле да ги предизвикаат главно бактериите во водата за пиење или во црешите.
Ако е плодот добро измиен, а водата чиста, нема причини за загриженост, вели таа. Препорачува да се биде внимателен само во случај кога било кој вид намирници се комбинираат со алкохол. Од друга страна, добра комбинација е месото прелиено со сок од портокал или со некоја друга намирница или пијалок богат со витамин Ц.
„Организмот поделотворно го апсорбира железото ако се консумира истовремено со намирница која содржи витамин Ц“, објаснува Бишоф.
Ако сакате да приготвите зелка која ќе биде лесно сварлива, консумирајте ја во испробана комбинација со ким.
„Кимот делотворо го намалува создавањето на гасови при разградувањето на состојките од семејството на зелки“, објаснил Хеико Григун, нутриционист и лиценциран советник за исхрана.
Но без оглед на разни совети, компатибиноста на намирниците што ги јадеме варира од човек до човек и зависи од бројни фактори.
„Сите ние во текот на животот развиваме различни склоности кон храната која ја сакаме или не ја сакаме, а понекогаш е доволна само една погрешна прехранбена комбинација за да не ја консумираме повеќе никогаш во животот“, вели Григун и истакнува дека „нашиот организам веднаш ни дава на знаењекога нешто не поднесува“.