Во претходните статии зборувавме за неверојатните придобивки од едноставното заменување на храната добиена од рафинираните бели брашнa, со полнозрнестата, интегрална храна, но и општо, за бенефитите од нејзината редовна употреба.
Значи, добро е белиот леб да се замени со интегрален, макароните и шпагетите со интегрални тестенини, белиот ориз со интегралниот итн. Но, што со белиот шеќер? Дали е корисно тој да се замени со кафениот?
Околу оваа тема многу се зборува во јавноста и се шират доста митови и невистини тврдења.
Во продолжение, нутритивна споредба помеѓу белиот и кафениот шеќер. Кој е подобар? Дали воопшто треба да преферираме некој или воопшто да употребуваме грануларен шеќер?
Во што е разликата помеѓу кафениот и белиот шеќер?
Разликите се движат во три насоки:
• Разлики во процесот на добивање
Секој грануларен шеќер се добива со специјален тип на процесирање на шеќерната репка или трска. Белиот и кафениот шеќер подлегнуваат на истите процеси, со одредени мали разлики.