Според резултатите од едно најново истражување, замрзнатите овошје и зеленчук во многу случаи се многу похранливи од свежите, бидејќи свежите производи може да изгубат од витамините кога подолго време стојат во фрижидер.
Авторите на ова истражување на журналот Journal of Food Composition and Analysis следеле колку често луѓето купуваат и јадат овошје и зеленчук и во период од повеќе од две години го мереле хранливиот состав на три врсти производи: свежи, замрзнати и намирници чувани во фрижидер неколку дена.
Испитувањата биле правени на брокула, карфиол, пченка, мешункаст зеленчук, спанаќ, боровинки и јагоди.
Научниците ја споредиле концентрацијата на три клучни хранливи состојки во овошјето и зеленчукот: Витамин Ц, Витамин А и фолна киселина.
Овие три хранливи состојки се растворливи во вода, па е лесно да се проучуваат.
Во тестирањата, замрзнатите овошје и зеленчук ги надминале свежите намирници чувани во фрижидер.
„Резултатите од ова истражување не го поддржуваат општоприфатеното мислење на потрошувачите дека свежата храна има поголема хранлива вредност од замрзнатата“, велат авторите на истражувањето.
Свежите производи обично содржат најмногу хранливи материи веднаш по берењето, но тие хранливи материи почнуваат да исчезнуваат откако овошјето и зеленчукот се обрани, спакувани и пласирани на пазарот.
Додека да стигнат на нашата трпеза тие веќе изгубиле голем дел од хранливите вредности во споредба со намирниците замрзнати веднаш по берењето.
Сепак, најважна е количината на внесени овошје и зеленчук во текот на денот, без разлика дали се свежи или замрзнати, па не заборавајте на вашите порции витамини во трите оброци.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.