„Што е можно повеќе зеленчук во исхраната” е правило што не важи за компирите.
Поради количината на скроб во компирот, често се вели дека компирот здебелува, поради што многумина сметаат дека треба да ги избегнувате доколку сте на диета.
Сепак, еден варен компир со средна големина има само 160 калории, нула маснотии и нема холестерол.
Притоа, тој компир ќе ве засити, а содржи 4 грама протеини и влакна.
Проблемот се јавува ако исечкате и испржете компирите во масло, а потоа ги зачините со сол.
Ако сакате повкусен и здрав оброк, прелијте ги варените компири со маслиново масло и зачинете со рузмарин.
Затоа, доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми јадете компири.