Бананите се еден од омилените видови на овошје во светот. Некои сакаат да ги јадат додека кората им е сè уште зелена, додека други ги сакаат бананите зрели.
Но, она што е интересно е што во различни фази на зреење, бананата има различни предности за вашиот организам.
Незрелите и зелените банани се всушност добри за вашето здравје. Тие изобилуваат со влакна бидејќи содржат повеќе скроб отколку зрелите банани, па така помагаат при слабеење и при проблеми со дигестијата и го одржуваат здравјето на цревата. Исто така, благо зелените банани содржат голема количина на влакна кои поттикнуваат раст на здравите бактерии и ја забавуваат апсорпцијата на шеќери, па така се одлични за лицата кои боледуваат од дијабетес.
Жолтите банани, кои најчесто ги гледаме во супермаркетите, пружаат рамнотежа помеѓу скробот и шеќерот, а содржат важни микронутриенти како што се витамин Б6, калиум и разни антиоксиданти. Калиумот е клучен микронутриент за регулација на крвниот притисок, но и за намалување на ризикот од разни болести. Тој исто така го одржува здравјето на коските и мускулите.
Бананите кои се презрели не треба да се фрлаат бидејќи и тие имаат некои здравствени предности. Освен тоа, често презрелите банани се додаваат во рецепти поради слаткоста која ја даваат.
Презрелите банани содржат антиоксиданти, а се наведува и дека се најлесни за варење во оваа фаза. Тука е важно да се напомене дека ваквите банани содржат повеќе шеќер така што тие не се препорачуваат на лицата кои страдаат од дијабетес.