Традиционалната кинеска медицина нуди неколку теории за тоа зошто луѓето често се будат во одредено време во текот на ноќта.
Имено, кинеската медицина осмислила биолошки часовник со помош на кој можете да дознаете во каква состојба е вашето тело. Тој ги покажува интервалите во кои енергијата циркулира низ телото и е највисокото ниво на енергија во одредена област на секои 2 часа. Доколку имате проблеми со тој дел од организмот, симптомите ќе ги почувствувате во тој период од денот.
Време на максимална активност на органите:
01:00 – 03:00 часот: црн дроб
03:00 – 05:00 часот: бели дробови
05:00 – 07:00 часот: дебело црево
07:00 – 09:00 часот: желудник
09:00 – 11:00 часот: слезина, панкреас
11:00 – 13:00 часот: срце
13:00 – 15:00 часот: тенкото црево
15:00 – 17:00 часот: мочен меур
17:00 – 19:00 часот: бубрези
19:00 – 21 часот: срце
21:00-23:00 часот: почетниот дел од тенкото црево што продолжува до желудникот
23:00 – 01:00 часот: жолчен меур
На пример, ако се разбудите помеѓу 1 и 3 часот наутро, тоа значи дека вашиот црн дроб е преоптоварен. Тој е одговорен за исфрлање на токсините од нашето тело и за „обработувањето“ на емоциите.
Ако сте се разбудиле во овој период, можеби сте претерале со консумирање на алкохол претходниот ден, или, пак, можеби сте јаделе нешто што не ви одговарало. Ова може да биде и индикација дека сте подложни на стрес и напнатост.
Доколку се разбудите помеѓу 3 и 5 часот наутро, тоа може да се должи на нерамнотежа во белите дробови, особено во дишењето. Нарушувањето на дишењето може да се поврзе и со негативни емоции како што се анксиозност, страв и вина.