Дами, ова е вистинската причина зошто не можете да најдете добар маж

Висок, со црна коса, згоден, богат, внимателен, интелигентен, во одлична форма… кога го замислувате мажот од вашите соништа, тој совршено се вклопува во овој опис, се согласувате? Повеќето жени што бараат вистинска љубов знаат точно што сакаат. Всушност, една студија открила колку специфични можат да бидат посакуваните квалитети кај жените, па и кај мажите.
Но, знаењето што сакате и наоѓањето на истото се две сосема различни нешта. Ако уште го немате најдено мажот на вашите соништа, тогаш не сте единствени. Постојат милиони сингл жени ширум светот што едноставно не можат да го најдат „совршениот“, и тоа не е затоа што не бараат.
Па, за да ви помогнеме да сфатите како да ја претворите вашата фантазија во реалност, ви го пренесуваме искрениот совет од тренерот за љубовни состаноци, Ненси Николс. Таа објаснува зошто имате потешкотии при наоѓањето на мажот од вашите соништа. И можете да верувате дека се соочила со секакви ситуации со жените што сакаат сериозна врска, но всушност си ги саботираат своите шанси за успех.


„Дали постојат добри мажи? Секако! И тоа многу. Да сакате прекрасен маж за љубење (кој исто така ќе ве љуби) е цел што вреди да се следи. Кој не сака да биде покрај некој што толку многу го сака? Но, ако се борите да го најдете тој неверојатен маж со кој би го поминале целиот свој живот, проблемот можеби не е само во мажите со кои излегувате. Најверојатно нешто не е во ред ни со вас… во вашиот пристап, во вашите размислување, како и во вашите очекувања“, објаснува Николс. „Морате да разберете дека вие самите ги правите овие блокади, и не дозволувате ништо да допре до вас. И тоа е во ред. Но, сега кога знаете што правите, вие можете и да ги смените овие нешта за да бидете поуспешни во потрагата.“
На кратко, преземете одговорност за своите постапки и потрудете се да бидете свесни за вашите размислувања. На овој начин ќе почнете брзо да сфаќате каде грешите, а со тоа и побрзо ќе почнете да се приближувате до вистинските луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.