Имате „гума за пливање“ околу струкот и не можете да оформите рамен стомак иако редовно вежбате и внимавате на исхраната?
Кои хормони се виновни за овие последици и како да го решите проблемот?
Стомак
Виновник: Кортизол
Нашите тела имаат развиено систем да препознаваат опасност и тогаш организмот е под стрес и се лачи „хормонот на стрес“ – кортизол. Постојано сме под стрес. Кога телото ќе препознае опасност почнува да складира маснотии околу црниот дроб и затоа имаме подебел стомак, а телото има дополнителен одбранбен штит.
Нутриционистите препорачуваат да внесете повеќе минерали во исхраната.
Задник и колкови
Виновник: Естроген
Преголемо количество на естроген во женското тело се манифестира со зголемен задник и колкови. Можете да внесувате повеќе соја во исхраната и да намалите со алкохолот. Тој е многу штетен ако имате вишок естроген во телото. Нутриционистите исто така препорачуваат исхрана богата со витамин Е.
Отечени зглобови
Виновник: Прогестерон
Отоци на зглобовите на нозете се знак дека задржувате течности во организмот. Причината може да е недостигот на прогестерон – овој хормон делува како диуретик.
Јадете семки од сончоглед и путер од кикирики, избегнувајте индустриски преработена храна и пијте многу течности.