Во наредниот период тиквичките ќе доминираат на трпезата, а полнетите секогаш се одличен избор! Ако сакате да внесете некоја едноставна и вкусна промена во вашето мени, задолжително пробајте го овој рецепт за полнети тиквички.
Состојки: половина литар павлака за готвење половина килограм говедско или свинско месо 200 грама кашкавал 1 главица кромид, поголема 1 чешне лук 5 тиквички со средна големина масло магдонос, сол, бибер по желба Подготовка: Исчистете ги кромидот и лукот и исечкајте ги ситно, но не ги мешајте. Во длабок сад сипете го маслото, а кога ќе се загрее намалете ја температурата и додадете го кромидот. Кога убаво ќе се издинста, се додава лукот (мора да оди подоцна за да не изгори), па сипете го месото. Откако убаво ќе се измеша се додава бибер и сол по желба, па се динста додека месото убаво не ја промени бојата. Потоа додадете половина од одвоената павлака за готвење, односно околу 250 милилитри, промешајте и додадете го магдоносот. Измијте ги тиквичките, исечете ги на половина и издлабете ги, но не ги лупете однадвор. Во поголема тава ставете хартија за печење, наредете ги тиквичките, а потоа наполнете ги со смесата од месото. После тоа, добро изрендајте го кашкавалот врз смесата и на крајот прелијте ги преостанатите 250 мл. павлака за готвење. Се пече во загреана рерна на 200 степени најмалку 40 минути. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.