ДЕНЕСКА Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК- доколку овие работи ги направите во текот на денот животот ќе ви се промени!

Денеска е Свети Архангел Гаврил, празник меѓу народот познат и како летен Архангел. За овој ден се врзуваат многубројни обичаи. Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога.Поради тоа се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа.
Треба да споделуваме се’ што имаме со блиските, бидејќи ова е празник на споделувањето. Потрудете се да направите некое добро дело, нема да ве чини ништо, а светецот ќе ви помогне да ви се промени животот.


Именден празнуваат Гаврил и Габриела.Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа келија и денес се нарекува келијата „Достојно ест“.
Во Библиските преданија понекогаш го среќаваме и како ангел на смртта или Божји гласник. Според една подоцнежна легенда, тој е и неименуваниот ангел во Откровението кој дува во труба за да го најави Судниот Ден.
Во Македонија, во еднокорабниот храм над селото Горбиново (Курбиново), изграден во 12 век во 1191 година се наоѓа светски познатата олтарна фреска на Синиот Ангел (Архангел Гаврил) според мислењето на врвни историчари на уметноста е прапочетокот на европската сликарска ренесанса, дури два века пред пионерите, италијанските ренесансни мајстори Џото и Фра Анџелико.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.