Денеска се празнуваат Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул

Од Седумдесетте. Свети Стахиј му беше помошник на свети Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно.

По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со свети Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија. Обајцата пострадаа маченички за Господа Исуса Христа. Наркис беше поставен од апостолот Филип за епископ во Атина.

Свети Апелиј беше епископ во Ираклија Тракиска. Аристовул, брат на Варнава, ја проповедаше Христовата вера во Британија и таму се упокои мирно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.