Депресијата не бира, затоа внимавајте- таа не е лошо расположение, туку смртоносна болест

Според проценките на Светската здравствена организација, околу 800.000 луѓе годишно го завршуваат својот живот поради оваа болест. Во прашање е тежок и опасен здравствен проблем кој ги зафаќа сите – нас самите, нашите пријателите и нашето семејство.
Депресијата не прави избори. Студенти, вработени и невработени, работници, директори, познати личности…
За едни, тоа е парализирачки страв и неможност за било каква активност. Застрашувачки е и да сретнат некој познат на улица. Тоа дека мора да се зборува со некого, а не можеме. Наизглед сите работи делуваат добро, но тие се далеку од добри. Често и никој од семејството или блиските не забележуваат ништо. Се додека не е предоцна.


Таа не е минлива тага, не е лош ден или лошо расположение. Депресијата е многу повеќе од тоа. Болест со која се борат многу луѓе во светот, која ги спречува да ги гледаат работите реално. Често тие не ги разбираат сопствените емоции, се чувствуваат безвредно и не гледаат смисла на ништо во животот.
Според податоците на СЗО, дури 1/3 од луѓето не се лечат на никаков начин. Таа бројка изнесува околу 100 милиони луѓе во светот. Сите ние имаме по една таква личност во животот. Особено ранливи се младите луѓе. Тоа се случува најмногу поради брзиот развој на социјалните мрежи кои наместо како место за поддршка делуваат како место во кое е лесно да се изгубиме и да станеме депресивни.
Денес, многу луѓе се чувствуваат како да се сами во своите проблеми, се соочуваат со срам бидејќи не постигнуваат исто како и другите и не сакаат да побараат помош бидејќи не чувствуваат никакви физички последици како кај другите заболувања.
Доколку имате блиска личност која можеби се соочува со овој проблем, или пак вие самите, побарајте помош. Зборувајте за тоа и потрудете се да најдете решение. Не се предавајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.