Неодолив четврточки рецепт со кој може да приредите одлична забава во вашата кујна со најмалите членови од вашето семејство.
Состојки:
- 100гр. овесна каша
- половина чаша сок од јагоди
- 3 лажици мед
- 300гр. грчки јогурт
- 100гр. јагоди
- 2 мали екстракти од ванила
Подготовка:
Јагодите или другото овошје по желба пресечете ги на коцки и распоредете ги во чаши. Овесната каша измешајте ја со една лажица мед и сок од јагоди.
Добро промешајте и распоредете врз овошјето. Врз тоа ставете веќе подготвен јогурт измешан со мед и арома од ванила.