Состојки:
– 650 гр брашно
– 10 гр сол
– 6 жолчки
– 60 гр шеќер
– 60 гр путер
– 2 лажици масло
– 2 лажици рум
– 3 dl млеко
– 1 коцка квасец
Подготовка:
Оставете го квасецот и три лажици топло млеко со малку шеќер да нараснат.
Загрејте го млекото и растопете го путерот.
Брашното и другите состојки се замесуваат со квасецот и се остава еден час да нарасне.
Кога тестото ќе се удвои, расукајте го на дебелина од околу еден сантиметар. Ако веќе имате калап за крофни, тогаш употребете го.
Ако немате, тогаш со една поголема и една помала чаша извадете ги крофните и оставете ги на набрашнета површина да нараснат уште еднаш.
Убаво загрејте солидна количина на масло за готвење.
Пржете ги крофните на умерена температура додека не поруменат од двете страни.
Ставете ги на хартиена крпа за да се впие маснотијата.
Украсете ги со шеќер во прав, растопено темно, млечно или бело чоколадо и разни преливи по желба, како јаткасти плодови или шарени трошки.