Бомбици со Нутела, освежителен и сладок сладолед или Нутела мус – кој ќе биде вашиот омилен десерт?
Ако сте љубител на Нутела, овие рецепти нема да ве разочараат, бидејќи главната состојка им е вкусниот крем.
Се подготвуваат лесно и брзо, а не ви се потребни ниту многу состојки.
Пробајте да направите некој од овие 3 лесни и брзи десерти со две до три состојки, од кои едната е Нутела.
Бомбици од Нутела
Потребни состојки:
1 лименка кондензирано млеко
150g Нутела
Чоколадни трошки
Начин на подготовка:
Ставете ги кондензираното млеко и Нутелата во тавче да се загреат. Мешајте додека не се соедини смесата и не почне да се одлепува од дното.
Тргнете од оган и оставете да се излади. Со раце формирајте топчиња и извалкајте ги во чоколадните трошки.
Нутела сладолед
Потребни состојки:
4 лажици Нутела
500 ml млеко
50g слатки бисквити
Начин на подготовка:
Ставете ги Нутелата и млекото во тавче на тивок оган. Мешајте додека смесата не се соедини целосно. Оставете да се излади. Искршете ги бисквитите на ситни парчиња или изблендирајте ги.
Ставете ја смесата во калапи за сладолед и оставете да се замрзнуваат 1 час. Извадете ги за да ги ставите стапчињата и вратете во замрзнувач уште 3 часа.
Нутела мус
Потребни состојки:
300g Нутела
240g слатка павлака
Рендано чоколадо
Начин на подготовка:
Ставете ги Нутелата и павлаката во сад и мешајте ги со миксер додека не се соедини смесата. Ставете ја смесата во чашки и оставете ги во фрижидер 1 час. Декорирајте со рендано чоколадо и послужете.
Целата постапка за трите рецепти погледнете ја во видеото: