Дејан Јовановски: ЧЛЕН = ГЛАС

Второто прашање е зошто конгрес со претходните делегати би барал легитимитет, наспроти следниот редовен конгрес во декември 2022 година, кога составот и начинот на кој делегатите се избрани е ист, а различни се само имињата. Одговорот е во несвикување на претходно најавен конгрес во случај ВМРО-ДПМНЕ да не победи на последните парламентарни избори и не формира влада, па во таков случај составот на претходниот конгрес како највисок партиски орган е единствената опција да се “прескокне оспоруваното гласање” на Централниот комитет. Ова отвара неколку дилеми и веројатно судска разврска.

Се поставува и прашањето каков ќе биде составот на претседателството и од каде ќе го добие својот кредибилитет и легитимност. Во Судскиот регистар актуелниот претседател е запишан како овластено лице, а “политичката партија е должна за изборот на нов претседател, односно на лице кое ќе ја застапува и претставува политичката партија, како и избор на ново лице , односно лица одговорни за материјално-финансиското работење на партијата, да го извести Судот и да му достави одлука за избор на овие лица и записник од седницата на која е извршен изборот”, согласно Законот за политички партии, па оттука можен заклучок е дека истиот не препознава претседателство како облик на застапување и претставување и директно бара избор на претседател.

Единствен начин да се тргнат сите сомнежи и недоверба, а од друга страна да се добие полн легитимитет во изборот на носителите на партиските функции од локално ниво, преку централните органи па се до претседател на партијата е да се даде можност на гласање и избор од страна на членството.

Можеби постои дилема дали сме подготвени за вакви промени, дали ќе одговориме на предизвикот, дали ќе го направиме вистинскиот избор….дали ќе има пречки и несакани моменти при внатрепартиските избори?

Веројатно да. Но, наша должност и обврска е да се избориме со таквите рецидиви на примитивизам и малициозни намери. Таквата позитивна промена ќе не однесе на ново повисоко ниво на функционирање и многу луѓе ќе се вратат со поддршка за партијата кога ќе знаат дека нивниот глас се слуша и вреднува. Несогласувањата и непризнавањето на легитимноста во рамките на партиските органиќе биде неоснована, бидејќи со мнозинство ќе одлучува самото членство. Губење на избори не мора да значи и автоматски симнување од функција, напротив, за тоа ќе одлучуваат членовите.

Од друга страна, со целосна почит за сите, односот на функционерите ќе се промени и ќе стане уште посовесен, нема да има затворен комитет или централен штаб, слухот за членовите ќе се зголеми и изоштри, па од нивен интерес ќе биде брзо и ефикасно да ги завршуваат своите задачи и обврски, бидејќи од тоа ќе зависи нивниот следен мандат.

Добивањето на глас за секој член повлекува одговорност и за членството. Луѓето кои ќе се изберат ќе бидат излогот и машината на партија, таа ќе го има “ликот” за кој членството ќе одлучи. На патот кон победа на избори веројатно е дека секој член доволно ќе размисли и разумно ќе реши кој е неговиот конечен избор како додадена вредност за тимот кој очекуваме да победи, со што ќе сподели одговорност со сите партиски функционери, вклучително и претседателот.

ВМРО-ДПМНЕ припаѓа на членството и тоа е способно да одлучи за својата иднина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.