Во септември следната година, Југоисточниот технолошки универзитет (SETU) во Карлоу, ќе понуди курс кој ќе им овозможи на студентите да добијат диплома за креирање содржини на социјални медиуми, пишува Би-Би-Си.
Меѓу курсевите ќе бидат: Креативно снимање на видео, Студии за познати личности, Психологија, Анализа на податоци, Поткаст и слично.
„Изборот е обемен и ќе ви овозможи да се справите со дигиталниот свет“, се вели во описот на катедрата од универзитетот каде ќе ги има овие курсеви. Нивната цел, велат тие, е да ги подготват студентите „за ера во која глобалниот пазар на инфлуенсери расте со голема брзина“.
„Експертите велат дека глобалниот пазар на инфлуенсери моментално вреди околу 21 милијарда долари. Маркетингот на социјалните медиуми, пишувањето дигитална содржина и дигиталната стратегија се важни деловни активности и од големо значење за општествено поврзување на луѓето и идеите.
Можностите за работа во индустријата за дигитални медиуми се бескрајни. Најдобрите начин да се стане дел од овој свет е да се трансформираш во професионалец во индустријата“, додаваат од универзитетот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.