Директорот на скопски УП е разрешен, во Струга полицијата му нашла кокаин

Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од функцијата.

За разрешувањето објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. – Почитувани, дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта” – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција, напиша Шилегов на неговиот Фејсбук профил.
-НА 15.08.2020 ВО 22.40 ЧАСОТ НА УЛ.„ВЛАДО МАЛЕСКИ“ ВО СТРУГА, ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА СТРУГА ГО ЛИШИЛЕ ОД СЛОБОДА С.С.(33) ОД СКОПЈЕ, ЗАТОА ШТО ПРИ ПРЕГЛЕД КАЈ НЕГО БИЛ ПРОНАЈДЕН КОКАИН. ТОЈ БИЛ ПРИВЕДЕН ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА И ПО ЦЕЛОСНО ДОКУМЕНТИРАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ ПРОТИВ НЕГО ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕН СООДВЕТЕН ПОДНЕСОК, СООПШТИ ВЧЕРА ПОЛИЦИЈАТА.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.