Директорката Цаца Билјановска испратена на домашно лекување
Маргарита Цаца Билјановска, екс директорката на Кожно е испишана од Клиниката за инфективни болести, потврди на прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче.
Против неа се води истрага во обвинителството кое чека дополнителни информации од полицијата и здравство за тоа дали некого заразила. Филипче не кажа дали имала два последователни негативни тестови, за да биде пратена дома. И не кажа кога била пратена дома…
Досега се знае дека петмина се заразени медицински лица на клиниката со која таа раководеше, а која беше затворена три недели односно по откривањето на случајот. Нејзиниот случај стана ударна вест во јавноста кога се дозна дека покрај тоа што била на скијање во Италија која е високоризична земја не се самоизолирала по враќањето.
Повеќе на темава тука:
Во изолација е цела зграда во Капиштец каде што живее заболената докторка
Денеска актуелно и издвоено по избор на уредникот:
Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата
СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.