До 15 часот излезеноста на изборите е 35.89 проценти, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право



До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35, 89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2110 избирачки места. 

-Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места, информираат од ДИК. 

Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места гласале 392 066.

Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11 проценти.

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни, а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: