Ограбена канцеларијата на „Донирај Компјутер“ во Кавадарци, информираше Борче Стаменов, човекот одговорен за голем број деца да имаат услови за следење на онлајн наставата во време на пандемијата.
-Се деси и тоа. Сабајле у 3.59 некој ги обил канцелариите на #ДонирајКомпјутер у Кавадарци. Украл 4-5 Леново лап топа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120гб. Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на лоповот.
Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете. Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота, вели Стаменов на Фејсбук.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.