Доаѓа лето: Овие пет работи нé делат од посакуваната тежина

Намалувањето на телесната тежина бара напорна работа, посветеност, силна мотивација и воспоставување на план за вежбање кој најдобро нѝ одговара. Без оглед на тоа дали штотуку сте го започнале процесот на слабеење, или пак напорно работевте на истиот веќе неколку недели, постојат одредени навики кои апсолутно треба да се избегнуваат по секоја цена.

Викторија Брејди, личен тренер во „Fyt-u“, споделила пет лоши навики од кои треба да се откажеме доколку сакаме да го забрзаме напредокот.

Јадење „без размислување“
Според Викторија, јадењетo сé што ни доаѓа при рака и тоа дефинитивно го попречува слабеењето. Зошто? Тоа што не водиме никаква евиденција за внесот на калории и тоа неретко води до прејадување.
„Без разлика дали се смета за „здрава“ храна или не, премногу од било кои намирници може да е лошо. Наместо тоа, треба да се практикува контрола на порциите за да може да се има преглед колку калории се внесуваат во текот на денот и да се избегне прејадувањето“, истакнала таа.

Прескокнување на оброци
Прескокнувањето на оброците го става телото во „режим на преживување”, објаснила Брејди, што значи да се дрќите до внесот на калории, со цел да се заштеди енергија.
„Понатаму, гладот води кон правење лоши избори на храна, како на пример одење во ресторан за брза храна, бидејќи тоа е најбрзата опција за оброк“, додала таа.

Пиете калории
Без разлика дали пиете овошен сок или чаша вино, имајте на ум дека пијалоците можат да бидат преполни со дополнителни калории.
„Многу луѓе не сфаќаат колку калории имаат повеќето пијалоци, заедно со многу шеќер кој го има во нив за да им го подобри вкусот. Не само што премногу шеќер може да придонесе кон здебелување, туку и пиењето алкохол, особено може да го успори вашиот метаболизам“, кажува таа.

Не се одмарате доволно
Никогаш не ја потценувајте моќта на добриот сон и одморот после тренинг, Колку повеќе го намалувате одморот, толку е поголема веројатноста да добиете вишок килограми.

„Вашето тело не може да закрепне, нарушен е хормонскиот баланс и го активира вашиот апетит, бидејќи телото има тенденција кон јаглехидрати и храна богата со калории кога има недостаток од сон“, вели Брејди.

Дајте приоритет на вежбањето пред диетата
Вежбањето е клучно во секоја програма за слабеење, но треба да има здрава рамнотежа помеѓу фитнесот и вежбањето и исхраната како приоритет, бидејќи ништо не ја „надвежбува“ лошата исхрана.

„Овде стапува на сила правилото 80/20 за слабеење. 80 проценти од губењето на килограмите се засноваат на тоа што јадете, додека другите 20 проценти се засноваат на она што го правите, односно вежбате“, изјави таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.