Подгответе се за зима ако веќе не сте болни, а ако сте – овој напиток ќе ве застане на нозе.
Со постудените денови доаѓаат настинки, кашлица, треска, главоболки… Доколку и вие не сте поштедени од доаѓањето на есента, но и за да бидете здрави во наредниот период и мирно да ја поминете зимата, пробајте одличен рецепт за зајакнување на имунитетот.
Направен е од лук, мајчина душица, мед и ѓумбир, а многумина го нарекуваат инфузија за зајакнување на имунитетот, бидејќи ја враќа многу потребната сила.
- Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер за култура” и да не го потпише указот за двојазични лиценци
- Том Круз ја откри причината поради која секоја година на своите пријатели им подарува посебна божиќна торта
- Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна лотарија“
- СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се фалите со туѓи мерки
- Jа клоцал, ја влечел за коса па и ставил нож под грло – мајка преживеала хорор од сопствениот син
- Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ за подигање етнички тензии
- Роналдо влезе во ледена вода за Божиќ, фановите се чудат како издржа толку долго ( Видео )
- Откриено зошто авионот се урна во Казахстан: Росавијација ги потврди сомнежите
Потребни состојки:
1 чешне лук
1 лажичка рендан свеж ѓумбир
1 кришка лимон
3 гранчиња свежа мајчина душица
1 лажичка мед
Подготовка:
Сварете ја водата. Исчистете го, излупете го и изгмечете го лукот, а потоа излупете го и изрендајте го свежиот ѓумбир.
Во шолја ставете лук, изрендан ѓумбир, лимон, мајчина душица и мед. Прелијте со топла вода. Оставете го да кисне додека температурата не падне доволно за да ви биде удобно за пиење.
Оваа смеса можете да ја искористите и по втор пат да ја прелиете со вода, а не двоумете се да додадете уште малку мед.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.