Многу луѓе го започнуваат денот со кафе, не знаејќи дека овој утрински напиток може да им помогне да ослабат.Имено, во последно време на социјалните мрежи се почесто се зборува за тоа како додавањето цимет и какао во утринското кафе може да ви помогне да ги намалите килограмите во текот на денот, но и да помогне при надуеност.Најчесто се вели дека овие две состојки можат да го стимулираат телото да согорува масти. Се нагласува дека вака подготвеното кафе го пиете наутро пред јадење.Меѓутоа, за да не се сведе се на проверени информации од социјалните мрежи, овој трик го одобри докторката Таз Варки, која детално опиша како малку цимет и какао во кафето може да го поттикне согорувањето на мастите, да го намали воспалението и да помогне во слабеењето.„Додавањето цимет во утринското кафе може да помогне да се намали хипергликемијата, да се зголеми согорувањето на маснотиите и да се намали воспалението. Сите овие се неверојатно корисни за зајакнување на вашиот метаболизам и помагање при губење на тежината“, изјави таа.Таа исто така изјавила дека можете да додадете цимет во секаков вид чај и дека има уште една состојка која може да биде одличен додаток на вашето кафе. Станува збор за кокосово масло. Тоа е затоа што има висока содржина на масни киселини со среден ланец (MCTs), кои таа ги опишува како „посебен тип на маснотии“ што вашето тело различно го метаболизира. Исто така, се покажа дека го стимулираат метаболизмот.
Пронајдете не на следниве мрежи: