Докторите велат дека супата има чудесно влијание на имунитетот, а дури и ладната супа има неверојатни здравствени придобивки – ја подобрува работата на цревата, го хидрира телото, ги јакне зглобовите.
Пилешка или кокошја супа е широко позната по своите здравствени предности.
Докторите често ја препорачуваат при настинки и грипови затоа што е богата со витамини, минерали и протеини кои го јакнат имунитетот и помагаат во одбрана од вируси.
Супата најдобро е да ја направите при варење на месото и коските од истото.
Но, дали знаевте дека таквата супа од коски може да биде исклучително корисна?
Според експертот за исхрана д-р Келиен Петручи, таквата течност е особено добра во текот на летото и често се нарекува „течно злато“ за здравјето на цревата.
Супата од коски без оглед на тоа дали е студена или топла, содржи изобилство на колаген, желатин и глицин. Според д-р Петручи, колагенот е богат со есенцијални аминокиселини кои го подобруваат здравјето на кожата, зглобовите и цревата.
„Колагенот е најзастапен протеин во телото и ја одржува структурата на кожата, но со години неговата количина се намалува“, вели д-р Петручи.
„Се препорачува да се консумира храна богата со колаген, како супа од коски која се добива од сврзното ткиво од животинско потекло, за да го одржиме здравјето на кожата во текот на цел живот“, додала таа.
Д-р Келиен истакнува дека колагенот содржи 19 аминокиселини кои поволно влијаат на цревните микробиоми.
„Многу аминокиселини се присутни во колагенот, особено глутамин и глицин, а поврзани се со здравјето на цревата. Глутаминот помага во обнова на слузницата на цревата и го подобрува системот за варење“, објаснува таа.
Исто така тој изобилува со желатин којшто се формира при варење на колагенот во супата и има противвоспалително дејство кое ги јакне цревата.
Колагенот е исто така добар извор на есенцијални витамини и хранливи нутриенти како калциум, магнезиум и фосфор. Д-р Петручи нагласува дека оваа супа е едноставен начин да внесете малку протеини во текот на исхраната за да ја зголемите хидратацијата на телото.