Д-р Вилијам Ли помина 20 години проучувајќи како исхраната може да ни помогне да ги победиме болестите и да живееме подолго. Ова се неговите совети кога станува збор за исхраната и храната кои влијаат на квалитетот на животот.
„Отсекогаш ја базирав мојата исхрана на природна храна, а голем дел од мојата кујна е инспирирана од уникатната мешавина на двете најголеми прехранбени култури во светот – медитеранската и азиската. Јас ја нарекувам – медитеранска диета“, објасни Ли за „CNBC“. , пишува „Индекс“.
Можеби ќе ве интересира
Научниците конечно открија ЗОШТО НЕКОИ ЛУЃЕ ЖИВЕАТ 100 И ПОВЕЌЕ ГОДИНИ: Имаат нешто што никој друг го нема
И во Медитеранот и во Азија постојат таканаречени сини зони, земјите каде што има најмногу стогодишници во светот, а д-р Ли наброја шест основни групи на храна кои ги консумира за да го зајакне имунитетот и да остане здрав.
Овошје
Меѓу овошјата кои д-р Ли најмногу ги консумира се јаболката, крушите, грејпфрутот и авокадото.
Зеленчук
Кога станува збор за зеленчукот, основата на неговите јадења се брокулите, сојата, морковите и печурките.
Мешунките
Од мешунките докторот ги издвојува белиот грав и леќата.
Спакувана храна
Ако мислевте дека пакуваната храна се однесува на претходно подготвена и готова храна, се лажете – д-р Ли редовно купува екстра девствено маслиново масло и јаболков оцет од пакувана храна.
Морска храна
Лососот, кавијарот и сардините се незаменливи на менито, а препорачани од д-р Ли.
Пијалок
Покрај вода, д-р Ли пие чај од мача и чај Улонг (олонг чај или „црвен змеј“).